Шведска ги укинува рестриктивните мерки за повозрасните луѓе, немало докази за втор бран на новиот коронавирус

Шведската Влада денеска соопшти дека повозрасните граѓани во земјата не мора повеќе да се изолираат. Таквата одлука е донесена поради ниската стапка на заразени со Ковид-19 во споредба со пролетта и се поголемото штетно влијание на изолацијата врз менталното здравје.

Шведската Агенцијата за јавно здравје соопшти дека во земјата нема докази за втор бран на новиот коронавирус.

Шведската министерка за здравство Лена Халенгрен изјави дека Агенцијата за јавно здравје одлучила за повозразните и лицата од посебните ризични групи да важат истите препораки како и за другите граѓани – да избегнуваатголеми собири, да остана дома на првиот симптом на болеста и да одржуваат физичка дистанца. Досега на лицата над 70 години им беше советувано да избегнуваат физички контакти и јавен превоз, да не одат во продавници и на други јавни места.

Прочитајте и...  Северна Македонија првпат на министерскиот совет на ОЦЕС (BSEC)

Иако во Шведска изминатите недели се зголеми бројот на новозаразени лица, сепак тој е многу помал во однос на бројот на жители во споредба со другите европски држави, каде секојдневно се уриваат рекорди.

Во Шведска регистрирани се вкупно околу 107.000 пациенти и приближно 5.900 смртни случаи. Вчера се забележани 975 новозаболени со Ковид-19 и седуммина починати, што е многу помала бројка од врвот на епидемијата во пролетта. 

Извор:МИА

Поврзани вести

Младите во Франција ќе бидат „главни жртви“ на економскиот пад предизвикан од пандемијата

Слободен печат

Орбан: Унгарија останува „цврста“ на ставот за ветото на буџетот на ЕУ

Слободен печат

ВИДЕО+ФОТО: Донација од 13500 брзи ковид тестови од Кралството Норвешка

Слободен печат

Радев повика на смирување на страстите, да не се интегрира билатералниот проблем во ЕУ

Слободен печат

Кипар воведува полициски час од 21 часот

Слободен печат

Николовски: Институции ќе се спојуваат и вмрежуваат, процесот нема да е лесен

МИА Агенција

Остави Коментар

MacedonianAlbanianBulgarian