И Шведска се откажа од „шведскиот модел“

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Со интензивирањето на вториот бран на коронавирусот во Европа, Швеѓаните полека се откажуваат од благи мерки, јавија локалните медиуми.

Шведска забрани собири на повеќе од осум лица, а премиерот на Шведска им порача на граѓаните да не одат во теретани и библиотеки, како и да не организираат вечери и забави.

Луѓе на пазар во Малмо / Шведска, 29 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson SWEDEN OUT

Најновите податоци покажуваат дека Шведска, според бројот на жители, има поголем раст на новозаразени, хоспитализација и стапка на смртност од соседните земји, објави минатата недела „Фајненшл тајмс”.

Во последниве недели, во Шведска расте бројот на нови случаи на дневна основа.

22 октомври 2020Шведска ги укинува рестриктивните мерки за повозрасните луѓе, немало докази за втор бран на новиот коронавирус!

И бројот на хоспитализирани пациенти е драматично зголемен: Во болниците има повеќе од 1.000 пациенти со Ковид-19, што е за 60 проценти повеќе од минатата недела, објави државната телевизија СВТ.

Стапката на смртност од коронавирусот во земјата денеска е една од највисоките во светот во однос на бројот на жители, пренесува „Бизнис Инсајдер“.

Час лоши, час добри лекции од Шведска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот