Час лоши, час добри лекции од Шведска

Европа е силно погодена од вториот бран на пандемијата на ковид-19. Бројот на новозаразени во изминатите две недели двојно се зголеми во повеќе од една половина од европските земји.

Вториот бран на пандемијата беше очекуван уште од март, но по релативно мирното лето што придонесе за заживувањето на бизнисите и отворањето на училиштата, малкумина стравуваа дека есенскиот бран ќе удри толку силно, со рекорден број случаи во многу земји.

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

А, ситуацијата може уште повеќе да се влоши, кога пандемијата од ковид-19 ќе се испреплете со сезонската епидемија на грипот и кога временските услови ќе ги приберат луѓето во затворени простории.

– Многу сериозна ситуација се отвора пред нас – изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација, Ханс Клуге.

Тој предупреди дека тристоте илјади нови инфекции низ Европа само во текот на минатата недела ги надминале сите црни рекорди регистрирани уште во март, кога пандемијата беснееше во Италија, а потоа и во Шпанија, Франција и Обединетото Кралство.

– Иако овие бројки се и одраз на поефикасното тестирање, сепак тие се тревога за ширењето на заразата низ Европа – изјави Клуге.

Франција само во саботата регистрираше повеќе од 10.000 новозаразени лица во еден ден, најмногу откога почна пандемијата. Вториот бран силно удри и врз Шпанија, која стана прва европска земја со повеќе од половина милион регистрирани случаи на ковид-19. Во Чешка три дена по ред беше соборуван рекордниот број случаи за еден ден.

Неспоредливо подобра ситуација

Во сите овие извештаи за вториот бран, никаде ја нема Шведска, земјата што пред неколку месеци беше критикувана поради својата дијаметрално спротивна стратегија за борба против новиот коронавирус. Шведска беше прикажувана како типичен лош пример на обид да се примени стратегијата на „постигнување колективен имунитет“ или, грубо кажано – да не се ограничува строго бројот на новозаразени лица за да се прошири што е можно повеќе вирусот меѓу граѓаните и така да се стекне отпорност кон вирусот.

Истата таа Шведска сега има една од најниските стапки на зараза. Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на зарази (ЕЦДК), кумулативниот број нови случаи во изминатите две недели во Шпанија бил 279 на 100.000 жители, речиси двојно повеќе од Франција (158,5) а уште повеќе од Чешка (118), Белгија (77) и Обединетото Кралство (59). Во Шведска, за споредба, во изминатите две недели имало по 22,2 нови случаи на 100.000 жители. Стапката на нови случаи во Шведска сега е речиси идентична на таа при крајот на март, кога од 120.000 направени тестови, одвај 1,2 отсто биле позитивни.

Прочитајте и...  Без законски измени не може во Македонија да има онлајн судење
Луѓе седат на пијачка во паб во Стокхолм, фотографија од 23 март годинава / Фото: EPA-EFE/Ali Lorestani SWEDEN OUT

На одделенијата за интензивна нега низ Шведска има само 13 пациенти болни од ковид-19, а во изминатата недела просечно имало по околу едно починато лице. Просекот значително го влошија петте нови смртни случаи во четвртокот.

Либералниот пристап на Тегнел

Контроверзниот доктор Андерс Тегнел, главниот шведски епидемиолог кој беше жестоко критикуван поради стратегијата да се издржи пандемијата без мерки за изолација и затворање на општеството, деновиве изрази задоволство од генералната насока по која ја одведе земјата.

– На крајот ќе видиме колкава разлика ќе има помеѓу стратегијата што е одржлива, која може да ја задржите долго време и стратегијата на периодично затворање и отворање – изјави Тегнел за телевизијата „Франс 24“.

Спротивно на многу други земји, Шведска ги затвори училиштата за учениците повозрасни од 16 години, но ги задржа отворени основните училишта, при што се инсистираше на редовност. Сега се отворени и средните училишта и универзитетите.

Градинките останаа отворени за време на летните празници. Причината е едноставна – законите налагаат децата помали од 12 години да не смеат да бидат оставени сами, без надзор од возрасни лица. Многумина родители, сепак, работеа од своите домови и не мораа да ги носат децата во градинки.

Луѓе на пазар во Малмо / Шведска, 29 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson SWEDEN OUT

Повеќето приватни компании веќе имаа капацитети и технички можности за работа од дома. Властите издвоија финансиска помош за загрозените компании, како на пример надоместување на изгубениот рекламен простор во медиумите. Голема помош добија малите претпријатија. На фризерските салони, на пример, им беше порачано да ги задржат вработените и да им исплаќаат 40 отсто од платите, а државата исплаќаше уште 57 отсто.

Првично беа забранети собири на повеќе од 500 луѓе, по што мерката беше заострена на забрана на собири на повеќе од 50 луѓе. Од жителите повозрасни од 70 години и од оние од ризичните категории беше побарано да се самоизолираат.

Десетте милиони жители на Шведска не се соочија со какви било други забрани. Властите љубезно побараа од граѓаните, но не им наредија, да одржуваат физичко растојание и ако е можно да работат од своите домови. Продавниците, баровите, рестораните и салите за вежбање останаа отворени, а дури и не беше препорачано носењето маски.

Прочитајте и...  Хирург од кумановската болница почина од коронавирусот

„Жртвувани“ постарите генерации

Тегнел објаснува дека стратегијата била, како и во другите земји, да не се дозволи преоптоварување на капацитетите на здравствените служби. Епидемиологот притоа им се заблагодари на граѓаните поради дисциплинираното спроведување на препораките.

Луѓе купуваат храна од кантина во Стокхолм / 08 мај 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Само пред неколку месеци, ситуацијата во Шведска беше драматична. Ваквата стратегија придонесе за значително зголемување на бројот на заразени лица додека низ другите европски земји линијата на графиконот стагнираше. Последиците од црниот период и денес ја прават Шведска една од земјите што најтешко излегува на крај со пандемијата. Просекот од 574 починати лица на 1 милион жители е десет пати повисок од соседните Норвешка и Финска и пет пати повисок од Данска. Но, дури и кога во април пандемијата во Шведска го достигна својот врв, имаше помалку починати лица во споредба со земјите што наметнаа мерки за изолација – Шпанија, Италија, Франција и Обединетото Кралство.

Тегнел објаснува дека стапката на смртност не е директно поврзана со стратегијата, туку е последица на неуспехот да се спречи катастрофалното ширење на вирусот во домовите за стари лица. Во нив од ковид-19 починаа огромен дел од вкупно 5.864-те жртви на пандемијата.

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Властите во Стокхолм во вторникот најавија дека од октомври ќе биде укината забраната за посета на старите лица во домовите за нега. Министерката за социјални прашања Лена Халенгрен признава дека тоа е голем ризик, но побара од граѓаните да бидат одговорни.

Многумина го фалат пристапот на Шведска зашто, дури и да не се покаже поефикасен, барем е јасен и конзистентен, а негова основа е личната одговорност на граѓаните.

– Нашата цел беше да ги убедиме луѓето самите да ја сфатат потребата од почитување на препораките и насоките. Нема други трикови пред да бидат изнајдени ефикасни медицински третмани, а особено вакцини. Швеѓаните ова го зедоа при срце – изјави Јохан Карлсон, директор на агенцијата за јавно здравство.

„Колективен имунитет“ е толкување на медиумите

Други, пак, и денес ја критикуваат стратегијата, наведувајќи дека Швеѓаните практично биле притиснати да се соочат со невозможна дилема – дали да ја спасат економијата или своите родители.

Прочитајте и...  Русковска: Само Груевски има дадено исказ во случајот за парцелите на Водно

Поранешната европратеничка Маријане Мико како главна грешка во стратегијата го посочува доцнењето при воведувањето превентивни мерки во домовите за стари лица, но и слабата посветеност на тестирањето. Во домовите за нега вирусот го пренесле негувателите, но и многумина повозрасни Швеѓани што останале во своите домови се заразиле од нетестирани негуватели испратени од локалните заедници. Ова придонесе за зголемување на смртноста за 25 проценти кај жителите постари од 60 години и за дури 50 отсто кај оние повозрасни од 80 години. Повеќе од една половина од сите жртви на ковид-19 во Шведска починале во домовите за стари лица.

Луѓе уживаат во сончевото време во парк во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Шведските стратези имаа доблест да ги признаат своите грешки. Но, во исто време истакнуваат дека „постигнувањето колективен имунитет“ никаде не било експлицитно наведено во стратегиите, туку е „слободно толкување на медиумите“. Истражувања покажуваат дека и ваков либерален пристап не е „волшебно стапче“ со кое може да биде создадена стапка на имунитет ни приближна како со вакцинирање. Во почетокот на мај било утврдено дека во поширокиот регион на Стокхолм, имунитет имале меѓу 20 и 25 проценти од вкупно 2,4 милиони жители. Во тој период се верувало дека веќе до јуни би можело да има 50 отсто жители со имунитет, но тој процент ни денес не е постигнат.

Доверба за пример

Причините за невоведување строги мерки, пак, се бараат во Уставот. Авторите пред неколку века не претпоставиле ситуација на пандемија па не оставиле простор за дејствување со вонредни мерки и за какво било ограничување на правото за слободно движење на граѓаните.

Во исто време, низа јавни установи не се во надлежност на политичките функционери, па така Агенцијата за јавно здравство има поголема моќ за дејствување отколку Министерството за здравство. Токму затоа во периодот на пандемијата епидемиологот Адерс Тегнел имаше повисок авторитет од премиерот Стефан Лефвен. Кралот Карл Шеснаесетти Густаф ѝ се обрати на нацијата само еднаш, замолувајќи ги граѓаните да останат дома наместо масовно да одат во цркви на Велигден. Главниот товар и најголемата одговорност падна на локалните заедници.

Најважна лекција од примерот на Шведска за Европа, сепак, е довербата помеѓу граѓаните и власта. На изборите во Шведска има највисок одѕив во Европа, а граѓаните имаат доверба во оние што ги избрале на власт.

Поврзани вести

Ѓорчев: Царовска во образованието направи хаос, замислете учебната година ги изненадила

Слободен печат

ФОТО: Тешка сообраќајка на Истра, пијан возач усмрти жена

Маријана Митровска

Надминат седумцифрениот праг: Шпанија е прва членка на ЕУ со преку милион инфицирани со ковид-19

Слободен печат

До почетокот на ноември ќе има субвенции за октомвриските плати

Слободен печат

Папата Франциск за првпат поддржа легализација на истополови бракови: Имаат право на семејство

Слободен печат

Димовски: Нема што да се дебатира за онлајн седници, Уставот е јасен

Маријана Митровска

Остави Коментар