Што велат СТРИПТИЗЕРКИТЕ: Ова би требало да го знаете ПРЕД ДА ГИ ПОСЕТИТЕ!

профимедиа

Многу мажи посетуваат стриптиз барови. Посетата на тоа место за некој е одличен вид на забава, но морате да знаете некои работи пред да се упатите таму.

Доколку никогаш претходно не сте биле во стриптиз клуб тогаш ќе се чувствувате чудно и нема да знаете како да се однесувате. Со цел идните муштерии да ги запознаат со тоа што можа да очекуваат, некои стриптизети се одлучија да споделат на Reddit неколку совети.

Еве што тие би сакале нивните идни клиенти да знаат пред да дојдат кај нив во клуб.

„Најдобриот муштерија е мажот кој знае дека сето тоа е игра. Оставаат добар бакшиш, прибрани се и љубезни, често се редовни муштерии и имаат одредени девојки кои играат за нив. Никогаш не прават проблеми и ги сака целиот клуб“, напиша една девојка стриптизерка.

профимедиа

„Мажите кои доаѓаат редовно знаат дека доаѓаат на добра забава. Ја частат девојата која е на сцена, го плаќаат танцот во крило и се многу љубезни. Најлоши се мажите кои мислат дека се попаметни од стриптизетите и дека можат да не надмудрат и да ја водат играта., Едно момче се правеше паметно и викаше во клубот дека тој знае дека ние сме насмеани само поради муштериите и дека ниту малку не сме заинтересирани за нив. Браво, дечко, многу си паметен. Најлоши се и оние кои мислат дека се сјајни мажи бидејќи ги деградираат жените. Тоа не е забавно и само излегувате смешни“, напиша друга.

профимедиа

„Подеднакво се иритантни и мажите кои се обидуваат да се спријателат со стриптизетите за да добијат некоја услуга гратис“, велат стриптизетите.

профимедиа

„Постојат и оние мажи кои се чувствуваат премногу заштитнички па мислат дека имаат права на некоја девојка која им игра. Таквите често на девојките им зборуваат колку се убави, паметни, талентирани за да се бават со таа работа. Се чувствуваат и однеусваат како спасители на девојката, а тоа на нив никако не им е потребно“, порача друга стриптизета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот