23 C
Скопје

Што правите вие во дождлива ноќ? Еве што прави Северина…

Северина во последно време е многу активна на Инстаграм, а вечерва пред своите фанови и следбеници сподели фотографија како ќе ја помине оваа вечер.

 

Имено, пејачката објави селфи и во описот откри дека вечерва повторно оди во студиото, каде работи на нејзиниот нов албум.

Музиката ги зближува луѓето. Одам во студио вечерва, а што правите вие додека врне? – ги праша Северина своите следбеници на Инстаграм, кои повторно не останаа рамнодушни на нејзината убавина, а и на нејзиното деколте од фотографијата.

Фотографијата пред да замине вечерва во студио Фото: Инстаграм

„Не можам да дочекам !!! Стариот албум веќе ми „скока“ во автомобилот“, „Додека чекаме нови, слушаме стари песни“, „Вистинска убавина“, „Изгледаш прекрасно“, „Убава како и секогаш“ „Најубавата девојка од селото“, „Таа болка од твоите очи душо, ќе помине “, „Има само една Севе “, „Баш ми е мило“ , „Одлично се чувствуваш во Сплит“ –  беа само дел од големиот број коментари на нејзините фанови на Инстаграм под фотографијата.

Северина во Сплит Фото: Инстаграм

Северина го објави својот последен албум наречен „Хало“ во 2019 година, а пред тој „Здраво Мери“ уште во 2008 година, а сега нејзините фанови со нетрпение ги очекуваат новите хитови.

Поврзани вести

Нов пресврт: Бракот на Бил и Мелинда Гејтс се распаднал поради милијардерот педофил?

Слободен печат

ВИДЕО: Илон Маск откри дека страда од Аспергеров синдром, кој можеби е тајната на неговиот успех

Слободен печат

По првата доза на „Фајзер“ сѐ уште можете да се заразите со новите соеви на корановирусот

Слободен Печат

Дали сум бремена? Седум главни разлики меѓу рана бременост и ПМС

Слободен Печат

Шварценегер ја откри вртоглавата сума што ја добил за еден збор во „Терминатор“!

Слободен печат

Предлог за денешниот ручек: Пилешко со зеленчук

Слободен Печат

Остави Коментар