Што прави денеска: Фани Христова, пејачка, диџеј и инструкторка по јога

Фото: Приватна архива

На македонската музичка сцена се појави уште како мала. Фани Христова многумина ја паметиме како пејачка, а потоа и како успешна диџејка. Таа во македонските музички кругови е позната и како респектиран диџеј, популаризирајќи ја со својата мисија ар-ен-би и хип-хоп музиката.

Освен љубовта кон музиката, Фани негува огромна љубов кон јогата, која одамна е нејзин начин и стил на живот. Фани пред неколку години дипломирала на Универзитетот за јога во Тајланд, а токму тоа комплетно ѝ го променил начинот на живот.

Фото: Приватна архива

Ја прашавме Фани како изгледа едно нејзино деноноќие…

– Ранобудна сум! Навистина уживам во утрата и во утринските ритуали. Пиење кафе на балкон, поглед во небо, свез воздух, Спотифај е единствената апликација која е вклучена, првиот час откако ќе се разбудам не читам ниту вести ниту информации, ниту социјални мрежи, утрото го уживам во тивка музика, организер што треба да завршам во текот на денот. Потоа, секогаш следува повик или разговор со најмилите, па кардио тренинг, туш.

Фото: Приватна архива

Околу 12 часот веќе започнувам со организација на часовите по јога – индивидуални и групни, најчесто до 19 часот завршувам. Но, во овој период ја намалив таа активност поради тоа што ми е зголемен фокусот околу концерот на Камерениот оркестар на Битола околу мојата обврска како ПР, за Балкан Гала Фестивал.

Концертите ќе се одржат на 6 и 7 јули на ракоментното игралиште во Битола. Горда сум на line up на гости кои ќе бидат дел од овие Гала настапи на наши и странски изведувачи на нивните песни оркестрирани од дирегентот Владимир Димовски. Навистина е голем предизвик да видите наши и странски еминентни музичари како ги изведуваат своите песни во придружба на Камерниот оркестар. Како „трио фантастико“ до доцните часови јас, дирегентот Димовски и виолинистот и организатор Владимир Цветковски се посветуваме на тоа да имаме навистина денови во кои публиката ќе ужива во изведбите на Ристо Вртев, Тони Цетински, Горан Каран, Ружица „Ареа“, Ристо Самарџиев, Гиле од „Електричен оргазам“ и многу убави музички изненадувања.

Фото: Приватна архива

Околу ручек правам пауза и се трудам да зготвам секогаш нешто фит, здраво, а во исто време и вкусно.

Во секојневието морам да го ставам и мојот внук Вито кој ми е најдобар другар, како што тој вели, уживам во игрите со него во секое слободно време, а ноќта ја заменив – ако беа порано ноќни клубови сега се вечери за пријатели или фаде оут како утрата, моменти на балкон за убава музика и убави разговори со саканите.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот