Килијан Мбапе/ EPA/VILLAR LOPEZ

Што правеле докторите во Реал Мадрид? Мбапе не бил единствениот со погрешна дијагноза

Неверојатнo e тоа што се случува во Реал Мадрид, каде една сериозна лекарска грешка можела скапо да го чини еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе.

Францускиот ас со месеци се жалел на болки во левото колено, но медицинските прегледи во декември не покажале никаква повреда. Причината за тоа, според информациите, е шокантна, лекарите всушност го прегледувале неговото здраво, десно колено. Поради ваквиот пропуст, Мбапе продолжил да игра со болка и воспаление, ризикувајќи многу посериозна повреда.

Грешката била откриена дури по три недели, по што напаѓачот наводно изгубил доверба во клупскиот медицински тим. Тој побарал помош во Париз кај специјалистот Бертран Сонери-Коте, кој веднаш утврдил дека станува збор за делумно кинење на задниот вкрстен лигамент на левото колено. Благодарение на точната дијагноза, Мбапе избегнал операција, но клубот не ја избегна непријатноста.

Случајот го обелодени францускиот „РМЦ Спорт“, а го потврдија и повеќе шпански медиуми. Иако самиот Мбапе подоцна ги демантираше тврдењата дека му било снимано погрешното колено, „Л’Eкип“ изнесе нови детали дека тој не е единствениот ваков случај.

Имено, сличен пропуст наводно се случил и со Едуардо Камавинга. По повредата на левиот зглоб на 3 декември, лекарите направиле магнетна резонанца на десниот зглоб и му соопштиле дека нема проблем. Само неколку дена подоцна, тој бил вклучен во составот за меч против Селта Виго, пред сепак да мора да паузира една недела поради вистинската повреда.

Овој скандал фрла сенка врз медицинскиот тим на „кралевите“ и отвора сериозни прашања за начинот на работа во еден од најголемите клубови во светот.

Докторите на Реал не си ја завршиле работата како што треба – Мбапе го лекувале со погрешна дијагноза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот