Докторите на Реал не си ја завршиле работата како што треба – Мбапе го лекувале со погрешна дијагноза
Начинот на кој Реал Мадрид се справуваше со повредата на Килијан Мбапе можел да има сериозни последици и за клубот и за француската репрезентација.
Препорачано
Според извештајот на францускиот канал „РМЦ Спорт“, Мбапе првично добил погрешна дијагноза, што дури го стави под ризик неговото учество на Светското првенство оваа година. Сепак, поради продолжените болки, напаѓачот побарал второ мислење во Париз. Таму, заедно со специјалист за колена, Мбапе почнал сосема нов пристап кон закрепнувањето и веднаш резултатите биле подобри.
Погрешната проценка на медицинскиот тим во Мадрид наводно и го налутила Мбапе, а грешката била еден од главните мотиви за отпуштањето на медицинскиот персонал на почетокот на годината. На крајот на 2023 година, по реструктуирањето на тимот, д-р Нико Михиќ се врати како раководител на медицинскиот оддел. Промените не се изненадување, бидејќи Реал Мадрид редовно ја ревидира медицинската служба кога има голем број повреди во последните недели, покрај Мбапе, од теренот отсуствуваа и Џуд Белингам и Алваро Карерас.
Новинарот на RMC, Даниел Риоло, во емисијата „L’After Foot“ директно го критикуваше клубот:
„Апсолутна штета за Реал е тоа што се случи. Погрешната дијагноза можеше да има многу сериозни последици. Мбапе долго време не знаеше што точно му е, играше натпревари без да знае дали го ризикува коленото. Сето тоа можеше да заврши катастрофално,“ истакна Риоло.


