Фото: Pixabay

Што да направите кога некој ќе ве навреди и критикува: Стара будистичка приказна открива како да се заштитите од туѓата негативност!

Како да одговорите на навреда или критика…. од оваа стара будистичка приказна можете да научите важна лекција!

Низ животниот пат среќаваме многу позитивни и негативни луѓе. Некои од нив ви внесуваат радост, самодоверба, добра енергија и живот, додека некои се склони кон тоа да ве критикуваат, да ве навредуваат, понижуваат и манипулираат.

Во светот секогаш ќе постојат критичари, љубоморни луѓе, оние кои не се задоволни без оглед што и да направите. Колку и да се трудите, однесувањето на ваквите луѓе сепак може негативно да влијае на вас.

Како да реагирате кога ќе ве навредуваат и критикуваат – прочитајте во оваа стара будистичка приказна:

Фото: Pixabay

Учениците забележале дека Буда воопшто не реагира на пцостите кои понекогаш луѓето му ги дофрлувале. Буда не им обрнувал внимание ниту на луѓето кои го критикувале. Учениците решиле да го запрашаат зошто, како:

– Учителу, некои луѓе реагираат на вас со таков бес, се обидуваат да ве навредат, да ве омаловажат. Но, зошто вие не регирате на нив?

Зошто да реагирам? Ги запрашал Буда.

– Би било чесно да им одговорите, да им возвратите и да ги ставите на нивното место или барем да се заштитите од нивните зборови.

Сега ќе ви објаснам сè… Замислете дека сте на пат и одеднаш започнува да дува ладен ветер, потоа сува гранка паѓа од дрвото и ве удира, на патот се наоѓаат и камења на кои може да се сопнете. И што ќе направите во врска со тоа?

– Ќе продолжиме понатаму. Тоа е само случајност, не можеме тоа да го контролираме, одговориле учениците.

Така и јас кога некој ќе ме навреди продолжувам по својот пат. Зошто таа личност токму сега ми го кажала тој грд збор? Можеби е несреќна во животот и се обидува тоа да го исфрли на некого. Можеби е само лута во тој момент. Го третирам тоа како несреќа, како промена на времето. И само продолжувам.

Фото: Pixabay

Заклучокот од ова приказна е дека е невозможно да му се спротивставите на сето зло во светот, а всушност тоа не е ни потребно. Единствено нешто што можете да го направите е да се фокусирате на добрите и светли работи кои ви се важни на вас. Важно е да го знаете својот пат, своите амбиции, соништа, своите цели, и да им останете верни, без оглед на лошите коментари од околината.

Кога некој ќе ве навреди, оставете ги тие зборови, нека ги носи ветрот, којзнае колку празнина и тешкотии има во душата на тие луѓе. Вие продолжете по својот пат до среќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот