Фото: Креирана илустрација

Што бараат Америка, Израел и Иран за да ги закопаат секирите?

Америка, Израел и Иран изнесоа максималистички позиции за запирање на војната што го запали Блискиот Исток и ѝ се закани на глобалната економија со задушување на енергетските испораки од Заливот, објави „Ројтерс“.

Еве што велат страните за своите позиции во конфликтот, во кој САД и Израел изведуваат воздушни напади врз Иран од 28 февруари, а Иран извршува напади врз Израел, американски бази и врз држави од Заливот.

Што велат Американците?

Американскиот претседател Доналд Трамп му пренел на Иран план од 15 точки преку Пакистан.

Планот не е објавен, а американската администрација одби да ги открие неговите конкретни детали. Таа соопшти дека некои медиумски извештаи за неговата содржина не се точни, без дополнително појаснување.

Тројца извори од израелскиот кабинет рекле дека планот вклучува: отстранување на иранските резерви од високо збогатен ураниум, крај на иранската програма за збогатување ураниум, ограничувања на иранската програма за балистички ракети, прекин на иранската поддршка за регионалните сојузници, како либански Хезболах.

ВИДЕО | Трамп: Иран ми понуди да бидам врховен лидер, но јас одбив

Белата куќа во средата соопшти дека САД ќе го погодат Иран „посилно од кога било досега“ ако Техеран не го прифати предлогот.

Се очекува Вашингтон да испрати уште илјадници војници на Блискиот Исток, изјавиле за „Ројтерс“ два извора запознаени со прашањето.

Каква е иранската позиција?

Висок ирански функционер изјав за „Ројтерс“ дека иранскиот одговор на американските предлози за запирање на војната не бил „позитивен“, но дека Техеран сѐ уште го разгледува.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во средата изјавил дека Техеран не преговара со САД, иако се разменуваат пораки преку посредници.

Тој рекол дека Иран бара траен крај на војната и компензација за уништувањето.

Иран бара суверенитет над Ормутскиот Теснец како свое „природно, законско право“, пренесе иранската телевизија „Прес ТВ“, повикувајќи се на функционер.

„Њујорк тајмс“: Нетанјаху брза со ударите врз Иран поради страв дека Трамп ќе ја запре војната

Техеран им соопшти на посредниците дека израелската војна во Либан мора да биде вклучена во секој договор за прекин на огнот, изјавија за „Ројтерс“ извори запознаени со иранската позиција.

Доколку нема прекин на огнот, Иран посочи и на својата способност дополнително да го заостри конфликтот, наведувајќи дека би можел да преземе чекори за да ја блокира и друга голема поморска маршрута — Црвеното Море и теснецот Баб ел Мандеб, кој претставува алтернативен извозен правец за дел од нафтата од Заливот.

Исто така, Иран соопшти дека има разузнавачки информации оти САД планираат да окупираат ирански остров со поддршка од една регионална држава, и дека, ако тоа се случи, ќе нападне витална инфраструктура во таа држава, без да ја именува.

Што вели Израел?

Висок израелски одбранбен функционер рекол дека Израел е скептичен дека Иран ќе се согласи со американските услови, но и загрижен дека Трамп би можел да направи отстапки.

Израел сака секој договор да ја зачува неговата можност за превентивни напади, рекол втор извор.

Портпаролот на израелската војска во четвртокот изјавил дека моменталната мисија е да продолжи уништувањето на иранските воени капацитети и дека Израел има „уште многу цели што остануваат“.

Нетанјаху: Израел продолжува да го напаѓа Иран со полна сила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот