ВИДЕО | Трамп: Иран ми понуди да бидам врховен лидер, но јас одбив
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран е многу заинтересиран за постигнување договор, но дека не може да го покаже тоа отворено бидејќи неговите лидери се плашат од реакцијата на сопствениот режим и од американската страна. Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп рече дека Техеран преговара и дека „многу сака да постигне договор“, но се плаши јавно да го признае тоа.
Препорачано
„Тие преговараат и навистина сакаат да постигнат договор, но се плашат да го кажат тоа бидејќи мислат дека нивниот народ ќе ги убие. Исто така се плашат дека ние ќе ги убиеме“, рече Трамп.
THIS IS HILARIOUS 😭😭
“Iran 🇮🇷 wanted to make me their Supreme leader but i refused and said no thanks”
– Donald Trump 🤣
He has totally lost it pic.twitter.com/PcF2ds4LTB
— Amock_ (@Amockx2022) March 26, 2026
Тој продолжи тврдејќи дека никогаш не видел лидер на земја кој толку малку сака да биде на функција како иранскиот лидер.
„Никогаш немало лидер на која било земја кој ја сакaл работата помалку од оној што го води Иран. Јас не го сакам тоа. Слушаме некои од работите што ги кажуваат, ги слушаме многу јасно. Тие велат: „Не го сакам тоа. Би сакале вие да бидете следниот врховен лидер“. Не, ви благодарам, не го сакам тоа“, рече Трамп.
Неговите коментари доаѓаат во време на тековната војна и растечките шпекулации за можен договор меѓу Вашингтон и Техеран. Во последните денови, Иран јавно ги негираше тврдењата дека преговара со САД, додека Трамп рече дека се постигнува напредок и дека е можен договор.


