Бенјамин Нетанјаху / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Нетанјаху: Израел продолжува да го напаѓа Иран со полна сила

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел продолжува да го напаѓа Иран со полна сила и ја потврди претходната изјава на израелските претставници дека командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири, е убиен.

Во кратка видео порака, Нетанјаху рече дека Тангсири е одговорен за затворањето на Ормускиот Теснец, објави „Тајмс оф Израел“.

„Продолжуваме да ги напаѓаме со полна сила целите на иранскиот терористички режим… Синоќа го елиминиравме командантот на морнарицата на Исламската револуционерна гарда. Ова лице има многу крв на рацете, а тој беше одговорен и за затворањето на Ормускиот Теснец“, рече Нетанјаху.

Тој го нарече убиството на Тангсири уште еден пример за соработка меѓу Израел и САД во постигнувањето на заеднички воени цели.

Претходно, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Алиреза Тангсири е убиен во израелски напад.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) го елиминираа командантот на морнарицата на ИРГК, лицето директно одговорно за терористичката операција на поставување мини и блокирање на Ормускиот Теснец за поморски сообраќај“, рече Кац.

Според израелски претставници, Тангсири бил цел на нападот во иранскиот пристанишен град Бандар Абас додека се состанал со високи команданти на морнарицата на ИРГЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот