Штипјанец решил да се стори полицаец – украл кола и куче, нападнал вистински орган на редот
Во Штип е уапсен 46-годишен жител на градот кој лажно се претставил како полицаец и така запрел негов сограѓанин со автомобил и му го претресол, пред да му го одземе и да се вози низ градот. Со колата, тој предизвикал сообраќајна несреќа во градот, а во меѓувреме успеал и да пресретне жена која шетала куче и да ѝ го земе, соопшти МВР.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој бил уапсен утрово околу 9 часот во угостителски објект, околу еден час откако ја започнал својата необична авантура низ штипските улици.
„Околу 8 часот, пред влезот на средно училиште во Штип, штипјанецот со иницијали Б.Х.Ј. го сопрел М.А. од Штип и, претставувајќи се лажно како полицаец, извршил лажен претрес на службено возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, по што му го одзел возилото и се упатил кон населбата Ново Село. Додека се движел со возилото, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Маршал Тито“, удирајќи во паркиран автомобил, а потоа продолжил кон центарот на градот. Околу 08:45 часот на улицата „Сутјеска“ пресретнал жена од Штип која шетала куче и насилно ѝ го одзел кучето, по што се оддалечил од местото“, пишува во полициското соопштение.
Полицајците го нашле автомобилот и му пришле на осомничениот, но тој давал отпор и нападнал еден од полицајците, кој е повреден.
Дури откога го однеле во станица, полицајците дознале дека Б.Х.Ј. вечерта бил пријавен и дека гласно навредувал и се расправал со негови сограѓани, како и дека оштетил банкомат во градот, велат од МВР.
Две млади жени зад воланот во Куманово пред полноќ – карамбол со пет удрени коли


