Шпанското обвинителство покрена истрага против Луис Рубиалес

фото: EPA-EFE/FERNANDO VILLAR

Шпанското обвинителство соопшти дека отвори истрага против првиот човек на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес за сексуална агресија, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Рубиалес се најде во центарот на скандал откако ја бакна во уста репрезентативката на неговата земја Џенифер Хермосо по триумфот на Шпанија во финалето на Светското првенство во Австралија.

– Се договоривме да ја контактираме Џенифер Хермосо за да ја информираме за нејзините права како жртва на наводно кривично дело сексуална агресија во следните 15 дена – се вели во соопштението.

Рубиалес беше суспендиран од Светската фудбалска федерација во саботата, еден ден откако истакна дека нема да поднесе оставка. Исто така, управното тело на шпанскиот фудбал најави тужба поради лагите на Хермосо, која истакна дека со денови била под притисок да му даде поддршка на претседателот на Федерацијата.

Шпанската влада побара од Спортскиот суд да го суспендира Рубиалес, за што ќе се расправа во текот на денот. Исто така, шпанската фудбалска федерација свика состанок со регионалните федерации за да се разговара за ситуацијата во која се најде тоа тело.

При објавувањето на суспензијата за Рубиалес, ФИФА му наложи на него, на Шпанската фудбалска федерација, на официјалните лица и на сите вработени да не се ни обидуваат да контактираат со Хермосо.

ФИФА го суспендираше првиот човек на шпанскиот фудбал

ФИФА го суспендираше првиот човек на шпанскиот фудбал

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот