ФИФА го суспендираше првиот човек на шпанскиот фудбал

фото: EPA-EFE/RFEF

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во саботата објави дека го суспендираше претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес од сите активности поврзани со фудбалот на три месеци додека истражува инцидент во кој тој ја бакнал во уста шпанската репрезентативна фудбалерка Џени Хермосо.

Инцидентот се случи по финалниот натпревар на Светското првенство во кое шпанската репрезентација ја освои титулата светски првак.

Суспензијата од национални и меѓународни активности ќе стапи на сила веднаш во сабота, се вели во соопштението на ФИФА, пренесе Ројтерс.

Фудбалската федерација на Шпанија претходно соопшти дека ќе преземе правни мерки за да го одбрани својот претседател од „лаги“ по бројните повици тој да поднесе оставка поради неговото однесување.

Во петокот, женската репрезентација на Шпанија објави дека нема да игра повеќе натпревари додека Рубиалес не поднесе оставка откако ја бакна во уста фудбалерката Хермосо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот