Шпанската крајнодесничарска партија ги стави знамињата на ЛГБТИ и феминизмот во ѓубре на банер сред Мадрид

Шпанската крајнодесничарска партија ги стави знамињата на ЛГБТИ и феминизмот во ѓубре на банер сред Мадрид / Фото: Thomas COEX / AFP / Profimedia

Шпанската крајнодесничарска партија Вокс има 24 часа за да го тргне билбордот на кој може да се видат симболите кои ги претставуваат феминизмот, комунизмот, ЛГБТИ заедницата и каталонското знаме како се фрлаат во ѓубре.

Од 17-ти јуни, големиот транспарент виси од надворешноста на зграда во центарот на Мадрид како начин да ја започне изборната кампања на Вокс за претстојните општи избори, кои ќе се одржат на крајот на јули.

Слоганот „Одлучи што е важно“, напишан во центарот на транспарентот, стои над минувачите кои одат по улицата „Алкала“ и укажува на секое нешто што е спротивно на идеологијата на партијата.

По жалбата поднесена од Социјалистичката партија, Избирачкиот одбор на Мадрид одлучи дека Вокс ќе мора да ја повлече бидејќи „повикува на гласови надвор од изборната кампања“.

Во Шпанија изборната кампања започнува 16 дена пред изборите, што значи дека политичките партии не смеат да започнат пред 7 јули.

Според арбитражното тело, кое ги уважило жалбите, поставувањето на транспарентот „не е оправдано“ во рамките на обичните активности на партијата и смета дека слоганот „Одлучи што е важно“ има „намера да ги убеди“ Шпанците да го поддржат Вокс.

Тие во своето соопштение одлучија да не се произнесат за евентуалната незаконитост на фактичката содржина прикажана на банерот.

Тие сметаат дека нивна единствена надлежност е да судат по актите во согласност со изборните прописи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот