Шпанија преку пеналите до полуфиналето на Евро 2020

Фото: EPA-EFE/Anton Vaganov

Репрезентација на Шпанија е првиот полуфиналист на Евро 2020 откако во четвртфиналето ја елиминира Швајцарија по подобро изведување на пенали откако во регуларниот дел и по продолженијата беше 1:1 (3:1 на пенали). Овој пат статусот на херој му припадна на голманот на Шпанија, Унаи Симон кој одбрани два пенали на Швајцарците.

EPA-EFE/Anatoly Maltsev

Сега фортуната не беше на страната на Швајцарците кои во осминафиналето ја исфрлија Франција и тоа во пенал рулетот, а денеска голманот Јан Зомер повторно беше во елемент, но затоа потфрлија „пеналџиите“.

Од друга страна, Шпанија конечно по 2012 година кога ја освои титулата на ЕП, за прв пат ќе игра во полуфиналето на едно големо натпреварување.
За 120 минути игра во Санкт Петербург немаше победник иако Шпанците доминираа на теренот посебно во продолженијата бидејќи противникот остана со играч помалку по директниот црвен картон на Фројлер.

EPA-EFE/Alexander Hassenstein

„Фуријата“ поведе со автоголот на Дени Закарија во осмата минута, додека Швајцарија израмни во 68 минута преку Џердан Шаќири. Тој резултат беше актуелен и во продолженијата по што прашањето околу победникот и патникот во полуфиналето се решавање во пенал серијата.
Таму подобри беа Шпанците, постигнаа три гола преку Олмо, Морено и Ојарзабал, додека Швајцарците дадоа само еден (Гаврановиќ).
Шпанија во полуфиналето кое ќе се игра на „Вембли“ ќе игра со подобриот од дуелот Белгија – Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот