Шпанија е вториот полуфиналист на Мундобаскет (ВИДЕО)
Откако претходно Аргентинците први обезбедија настап во полуфиналните борби, тоа го направи и селекцијата на Шпанија која ја забележа и шестата победа по ред на Мундобаскет 2019.
„Фуријата“ беше подобра со двоцифрена разлика, иако Полјаците успеаја да се доближат во еден момент на само „минус четири“ (76:72) на пет минути до крајот на мечот.
Тогаш на сцена стапува шпанскиот кошаркар Рики Рубио кој со две значајни тројки ги урна сите надежи на Полска за евентуален пресврт.
Најефикасни во победничките редови беше Рубио со 19 поени (девет асистенции, пет скокови), следен од Вили Хернангомез со 18 поени. На спротивната страна најрасположен беше Еј Џеј Слотер со 19 поени.
Останатите две четвртфинални дуели се закажани за в среда, од 13.00 часот селекцијата на САД ќе игра против Франција, а два часа подоцна силите ќе ги одмерат Австралија и Чешка.