Шпагети од рерна со топчиња од месо – Неодолив вкус кој не се заборава! (РЕЦЕПТ)

profimedia

Кога тестенините ќе ги направите на овој начин бидете сигурни дека ќе уживате во превкусни залчиња. Направете го рецептот и уверете се.

Потребни состојки:

– 400 грама шпагети
– 450 грама јунешко мелено месо
– 3 лажици презла
– половина лажица цимет во прав
– 3 чешниња лук
– 1 јајце
– 2 шолји доматен сос
– 100 грама фета сирење
– маслиново масло
– свежо оригано
– магдонос
– сол
– бибер

profimedia

Подготовка:

– Загрејте ја рерната на 180 степени, а тестенината сварете ја и исцедете ја.
– Помешајте го месото, презлата, ориганото, солта, циметот, биберот и изгмечениот лук.
– Измешајте лажица ипол ситно сецкан магдонос па додадете го јајцето, а потоа со раце помешајте ја смесата.
– Обликувајте 12 топчиња и ставете ги во сад.
– Оладете ги во фрижидер барем на 10 минути.
– На загреано масло на оган пржете ги топчињата осум минути.
– Исцедете ги на кујнски брисач и ставете ги во тава за печење. Прелијте ги со доматниот сос и посипете го со фета сирењето, па потоа печете ги на 20 минути на 180 степени.
– Посипете го и остатокот од магдоносот, уште малку фета сирење и послужете ги тестенините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот