ШОКАНТНО ВИДЕО: Бразилка го донела починатиот вујко во банка за да потпише за кредит

Бразилката е уапсена откако поради измамата која сакала да ја направи/Фото: Скриншот/Х

Вработени во банка во Бразил во вторникот се соочиле со неверојатна глетка кога виделе жена и видно блед маж во инвалидска количка како се приближуваат до шалтерот за да потпишат заем бидејќи подоцна било откриено дека мажот е мртов!

„Вујко ме слушаш ли? Мора да потпишете. Не можам да потпишам за тебе“, се слуша како вели жената, која тогаш тврдеше дека е внука и негувател на мажот во количка.

„Не верувам дека тоа што го правите е легално. Не изгледа многу добро господине. Тој е многу блед“, забележа вработен во банка во населба во западниот дел на Рио де Жанеиро, а жената одговори: „така е секогаш“, и додаде, обраќајќи му се на – мртвиот – човек во инвалидска количка, „ако не се чувствашу добро, можам да те однесам во болница. Дали сакате да се вратите во хотелот?”

Инсистирајќи со барањето од мажот на умирање да потпише, се слуша како жената му вика „потпишете овде и престанете да ме мачите“.

Според локалните медиуми, барањето било за заем од 17.000 бразилски реали (3.000 евра).

Конечно, итна помош била повикана во филијалата на банката и откриле дека 68-годишниот Пауло Роберто Брага, како што се викал човекот, починал неколку часа порано.

Жената која била со него, Ерика де Соуза Виеира Нуњез, потоа е уапсена.

Она што властите сега го испитуваат е снимката од безбедносните камери за да се утврди дали дејствувала сама или имало соучесници надвор од банката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот