Шокантни обвинувања на Миша Гроф: Николина го уби син ми, ако проговорам, ќе оди во затвор!

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Видое Ристовиќ, сопругот на Николин Пишек, почина пред два месеца ненадејно во 43-тата година од животот, а околностите под кои Видое почина и понатаму се мистериозни.

Таткото починатиот историчар на уметноста, Виктор Ристовиќ, оттогаш е во „војна“ со својата снаа. Тој сега за српски „Ало“ упати шокантни обвинувања на сметка на снаата Николина Пишек Ристовиќ. Откако вчера Николина се огласи и рече дека не смее да каже што би направил Видое за постапките на својот татко, Виктор разговарал со српските новинари и ја обвинил својата снаа дека е виновна за смртта на неговиот син.

Фото; Инстаграм

„Николина го уби мојот син! Таа сакаше куќи, патувања, базени, барови, фирми… Трошеше ненормални суми. Видое ја школуваше нејзината ќерка од првиот брак во Лондон и ѝ ги финансираше швалерите. Не знам каков имот таа сака, Видое бил богат, но тоа се мои пари, мора да е свесна дека нема да ѝ дадам ништо, а ако почнам да откривам сѐ што знам за неа, ќе биде уапсена“, рекол Ристовиќ за Ало.

„Николина беше со Видое само за пари, двајцата повеќе од две години не спиеја заедно. Тој доаѓаше во Загреб, ѝ ги носеше парите што ги бараше, а потоа одеше да спие во хотел. Таа жена беше ненаситна, барала стан во Лондон, нејзините кучиња одеа на маникир, постојано започнуваше некои бизниси, заедно пропатуваа половина свет. Кога веќе не знаеше што да прави со парите ги фрлила на глупости, за време на бракот потрошила милиони евра на него. Никогаш не му кажав ниту збор на син ми, само сакав тој да биде среќен, иако бев свесен за сѐ. Меѓутоа, јас повеќе немам дете поради нејзина вина и не сакам да молчам“, додал тој.

„Тврдам дека оваа жена ми го уби детето, исклучиво поради нејзините хирови тој умре на 43 години. Имам докази за сѐ што кажувам. Откако ја запозна Николина, Видое водеше дневници. Пет огромни дневници се во моја сопственост, тие се заклучена во сефот, а таа очајно се обидува да дојде до нив. Бара да ѝ ги дадам сите списи на Видое, телефони и еден нејзин планер што ги имам кај мене. Тука пишува со кого  кога и каде се наоѓала. Можете да претпоставите дека, се разбира, Видое во тие планови го нема. Од тоа  може да се направи сериозна книга, но сè уште не планирам да ги објавам тие докази. Мојот син не се ни излади, премногу е рано“, додава Виктор, попознат како Миша Гроф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


Ристовиќ проговорил и за ќерката на Видое и Николина, Уна.

„Ги обожавам моите внуки. Уна е прекрасно девојче, не знам како успеа да биде таква од толку злобна мајка. Таа е сѐ уште многу мала, не е свесна за сѐ. Можам да кажам дека ќе биде осигурена до крајот на животот ништо нема да ѝ недостасува, но Николина нема да добие ни динар од мене“, заклучил Ристовиќ.

„Колку жената е опасна и злобна, говори и тоа што имам докази дека многу нејзини блиски луѓе избегале од неа за да си го спасат животот. Таа би била управителка на Јасеновац, верувајте ми. Ете, колку е злобна Никогаш во животот не сум ја видел како се смее, а сега кога син ми е мртов, таа позира насмеана“, рекол тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


Откако Миша Гроф ги упати шокантните обвинувања на сметка на Николина, водителката се огласи на својот Инстаграм.

„Дури и затворот би бил рај во споредба со ова. #самодокази“, напишала Николина и додала емотикон кој плаче од смеење.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

Николина Пишек конечно ги коментираше шпекулациите за смртта на нејзиниот сопруг: Еве што рече…

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот