Шокантна изјава на Пер: Целта ми е да испаднам во првото коло и да бидам слободен

epa08246535 Benoit Paire of France reacts during his first round match against Marin Cilic of Croatia at the Dubai Duty Free Tennis ATP Championships 2020 in Dubai, United Arab Emirates, 25 February 2020. EPA-EFE/ALI HAIDER

Францускиот тенисер Беноа Пер е еден од играчите кои се најголеми критичари на АТП поради организацијата на турнирите во време на пандемија на коронавирусот, ја шокира јавноста со последната изјава.
Контроверзниот Пер загуби во првото коло на турнирот во Акапулко од Стефанос Циципас.
Загубив во првото коло. Така ми е подобро, можам порано да излезам од „меурот“ и да уживам неколку дена пред да заминам во Мајами. Во моментов тенисот не ми е приоритет, единствена цел ми е да излезам од „меурот“ што е можно побрзо и тоа не секој турнир – изјави Пер.

– Доаѓам на турнир, ќе заработам малку пати и потоа одам на следниот турнир. Си ја работам својата работа, доколку освои турнир од серијата АТП 250 ќе заработите 30.000 долари. Јас добив чек од 10.000 долари, а испаднав во првото коло. Зашто да се мачам како луд само за да заработам малку повеќе пари – вели Пер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот