Шкупи успешно ја реши ирската задача во Лигата на шампионите!

Фото: facebook.com/futsalshkupi

Денеска во прелиминарната рунда од футсал Лигата на шампионите Шкупи се пласираше во наредната фаза со триумфот од 3:0 против ирскиот првак Блу Меџик Даблин, односно се најде помеѓу 32 најдобри европски екипи.

Во првото полувреме составот од Чаир во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје дојде во водство со голот на Сефери реализиран од пенал во седмата минута. Претходно црвен картон кај гостите доби голманот Вина.

Предноста на македонскиот претставник беше зголемена во вториот дел со автоголот на бразилскиот интернационалец Соареш. Конечниот епилог беше поставен пред самиот крај на мечот, противничката мрежа ја затресе Незири.

За Шкупи ова беше само продолжување на успешната серија на добри резултати сезонава, до денешниот дуел имаше четири победи по ред во домашниот шампионат.

Дуелите од 1/16 финалето ќе се играат во периодот од 12-17 јануари 2021 година (ќе се игра само по еден натпревар поради коронавирусот). Жрепката ќе се одржи на 9 декември со почеток од 14.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот