Шкупи се засили со поранешниот вардарец, Али Адем

фото: ФК Шкупи

Екипата на Шкупи денеска го промовираше поранешниот фудбалер на Вардар, Али Адем, кој на Чаир доаѓа на позајмица од Арис.
Али Адем веќе им се приклучи на новите соиграчи во Анталија каде екипата се наоѓа на подготовки пред стартот на вториот дел од сезоната. Екипата на Шкупи есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место со 33 бода, шест помалку од лидерот Шкендија.

фото: ФК Шкупи

– Несомнено сум многу среќен што дојдов во клуб со голема традиција во нашата земја и регионот. Секако, моето доаѓање во овој клуб е поврзано и со амбициите да му помогнам на тимот да стигне до шампионската титула и потоа да успее во Европа. Се надевам дека многу брзо ќе се прилагодам на ова големо семејство, имајќи во предвид дека од претходно сум играл заедно со Јакуп Бериша, Бесар Исени и Матеј Цветановски. Посакувам да дојдеме до шампионската титула сезонава и по долго време да го вратиме трофејот на Чаир – изјави Адем по промоцијата во новиот дрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот