Шкупи се раздели со Адем кој се враќа во грчкиот Арис

адем
Али Адем имаше успешна година како позајмица во ФК Шкупи/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Денеска водечкиот во Првата македонска фудбалска лига Шкупи ја информираше јавноста дека Али Адем се враќа во Грција, поточно во редовите на Арис од каде што дојде на позајмица во клубот од Чаир.

После година на убави моменти, многу добри перформанси и многу успеси со клубот, играчот од средниот ред се раздели со Шкупи.

Тој е среќен што изминатата година беше дел од екипата за која имаше можност да настапува во важни натпревари и ги радува навивачите на тимот.

– Имав екстремно добра година во Чаир. Остваривме одличен успех и најважното е тоа што успеавме да ги израдуваме навивачите. ФК Шкупи има историја и е одличен клуб и сигурен сум дека ќе ги оствари своите цели. Благодарност до стручниот штаб, тренерот, играчите, првите луѓе на клубот, како и на верните навивачи „Шверцери“ за одличната поддршка – рече Адем за клупскиот сајт.

За Шкупи запиша 30 настапи и реализираше два важни голови. Минатата сезона во најсилниот грчки шампионат немаше ниту еден настап за Арис, беше само трипати на клупата за резервни играчи. Сезонава Арис е после 16 одиграни мечеви е на седмото место со 21 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот