Шкупи повторно загуби од Шамрок, ќе игра во плеј-офот за Лигата на конференции

Чаирчани ја продолжу низата порази на европската фудбалска сцена/Фото: ФК Шкупи

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот за пласман во Лигата на Европа откако и во реваншот од третото квалификациско коло загуби од Шамрок Роверс, овој пат со 1:2 на Националната Арена „Тодор Проески“.

Шкупи ќе има уште една шанса да обезбеди пласман во европските купови, ќе игра во плеј-офот за пласман во групната фаза во Лигата на конференции.

Фудбалерите на Шкупи вечерва не успеаја да ја надоместат негативата од два гола (1:3) од првиот натпревар и повторно загубија од ирскиот шампион.

Првото полувреме заврши без голови и тоа благодарение на голманот на македонскиот тим, Кристијан Наумовски кој имаше три интервенции со кои спаси сигурни голови, а Шамрок не успеа да ја круниса подобрата игра со гол.

Во второто полувреме, тренерот Гоце Седлоски направи три измени и Шкупи тргна офазивно, доминираше на теренот, но не успеа подобрата игра да ја круниса со гол, напротив, ја вадеше топката од сопствената мрежа. Во 65 минута Гафни по еден противнапад шутираше од 20-тина метри, а топката го зафати Абдула и на крајот заврши во мрежата на Наумовски.

Фудбалерите на Шкупи се обидоа да се вратат во игра, Трапановски, Куевен. Алварез не успеаја да погодат по што казната стигна во 85 минута преку Емаку со што ги реши дилемите околу победникот и патникот во плеј-офот во Лигата на Европа.

Во судиското продолжение, Шкупи преку Адетунџи успеа да постигне гол и да го ублажи поразот.
Шкупи во плеј-офот за пласман во Лигата на конференции ќе игра со подобриот од дуелот меѓу косовскиот Балкани и Клаксвик од Фарски Острови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот