-4 C
Скопје

Шкотска е првата земја во светот што ќе овозможи бесплатeн пристап до менструални производи

Шкотска станува првата земја што овозможи слободен и универзален пристап до менструални производи, вклучувајќи тампони и влошки, во јавните установи! Ова е за поздравување и значајна победа за глобалното движење против константните месечни трошоци на жените.

unsplashШкотскиот парламент едногласно гласаше за нацрт предлог законот во вторник, неколку месеци откако пратениците првично сигнализирале поддршка за овој чекор. Тоа значи дека менструалните производи ќе бидат бесплатни и достапни во сите јавни установи, вклучително и училишта и универзитети низ Шкотска. Според новите правила, локалните власти ќе се погрижат производите да бидат целосно бесплатни.

unsplash

Кампањата е поддржана од широката коалиција, вклучително и сите синдикати, организации на жени и добротворни организации“, рече Моника Ленон, пратеникот што го претстави нацрт законот.

Прочитајте и...  Виц на денот: Резиме

По гласањето, Ленон изјави дека одлуката е „сигнал до светот дека може да се постигне слободен и универзален пристап до менструални производи“.

Придружниот финансиски меморандум на законот проценува дека кампањата би чинела околу 8,7 милиони фунти годишно заклучно со 2022 година, во зависност од бројот на жени кои ќе ги искористат бесплатните производи.

Новиот закот го поздравија голем број организации за еднаквост и права на жените, како и политичари од партиите претставени во шкотскиот парламент.

unsplash

Горди сме на гласањето за ова револуционерно законодавство, со што Шкотска е прва земја во светот што обезбедува бесплатни менструални производи за сите на кои им се потребни. Важна политика за жените и девојчињата“, изјави првиот министер на Шкотска, Никола Старџен.

Прочитајте и...  Рецепт за печен компир кој е вистински хит: Одлична идеја за брз ручек, а во Германија се јаде и за појадок!

Истражувањата покажале дека една од десет девојки во Обединетото Кралство не биле во можност да си дозволат влошки и тампони. Скоро половина од сите девојчиња на возраст од 14 до 21 година се срамат од нивните менструални периоди, додека половина од нив пропуштале цел ден на училиште токму поради тоа.

Кога да очекуваме вакво нешто и кај нас?

Поврзани вести

Женски проблеми: Дали е нормално да имате менструални грчеви кога немате менструација?

Слободен печат

Виц на денот: Резиме

Слободен печат

ВИДЕО: Сите зборуваат за сцените со секс на оскаровката Кејт Винслент и нејзината колешка Сирша Ронан

Слободен печат

Заборавената англиска кралица: Владеела само девет дена, а била погубена на 16 години по наредба на нејзин роднина

Слободен печат

Познатата Есмералда позитивна на коронавирусот: Итно е хоспитализирана!

Слободен печат

„Живи мртовци“: Омилените зомби од малиот екран се враќаат со нова сезона

Слободен печат

Остави Коментар