„Шќип медија“: „Вива фреш“ сепак не го купува „Тинекс“

Фото: „Вива фреш“

Регионалниот портал на албански јазик „Шќип медија“, кој вчера објави вест дека косовската групација „Вива фреш“ го купува македонскиот трговски ланец „Тинекс“, денеска пишува дека информацијата, која ја добил од извори во „Тинекс“, не била точна.

„Нашиот портал во текот на вчерашниот ден ја објави веста дека косовската компанија постигнала договор за купување на компанијата „Тинекс“ во Македонија и дека наскоро се очекува потпишување и официјализирање на продажбата. Нашите извори, кои беа од „Тинекс“, за македонските портали ги демантира менаџерот на „Вива Фреш“, негирајќи дека е постигнат таков договор“, пишува денеска „Шќип медија“.

Информацијата дека „Вива фреш“ го купува „Тинекс“ и со тоа станува најголем играч на македонскиот пазар ја пренесоа сите македонски медиуми и таа одекна како сензација во јавноста. Сепак, од локалниот менаџмент на косовската групација демантираат дека го купуваат македонскиот трговски ланец.

„Вива Фреш Стор“, најголемата трговска малопродажна компанија во Косово, има над 3.000 вработени и генерира годишни приходи од над 200 милиони долари. Косовската групација лани го купи македонскиот ланец супермаркети „Кит-Го“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот