Шкендија убедливо поразена од Зорја

facebook.com/fcshkendija/

Фудбалерите на Ќатип Османи претрпеа уште еден пораз, минимален овојпат од украинската екипа на Зорја со конечен резултат 3:0.

Најпрвин во 19 минута со еден прецизен удар на работ од шеснаесетникот на тетовци, стрелаше Кабаев за водство на Украинците.

Сите дилеми околу победникот беа решени во финишот од второто полувреме, во листата на стрелците за Зорја се запишаа Шалфеев во 89 и Громов во 90 минута од средбата. Шкендија имаше свои шанси во текот на мечот, најубавата ја имаше во 66 минута кога беше погодена пречката.

Стартниот состав на Шкендија за денешниот дуел: Захов, Мурати, Бејтулаи, Муслиу, Мици, Хусмани, Алими (капитен), А. Ибраими, Тотре, Радески, Б. Ибраими.

На претходните три контролни средби во Словенија македонскиот фудбалски шампион имаше две победи над Олимпија Љубљана (1:0) и Жилина (1:0), а пораз од чешкиот Злин (0:1). Нашиот првак се подготвува за квалификацискиот двомеч во ЛШ против естонската Номе Калју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот