ШИРЕЊЕ ПАНИКА ИЛИ ОСНОВАНО СОМНЕНИЕ? Сенатор од САД со своја теорија за потеклото на коронавирусот (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Републиканец од сојузната американска држава Арканзас предизвика вистинска бура во јавноста, откако во излагање на телевизијата Фокс њуз изрази сомнение дека коронавирусот Ковид-19 настанал во лабораторија.

Станува збор за сенаторот Том Котон, кој како што пишува Си-Ен-Ен, нема никаква врска со вирусологијата.

На прашањето „зошто овие болести секогаш доаѓаат од Кина“, Котон одговори: „Вирусот не потекнува од пазарот во Вухан. Повеќе изворни случаи немаа никаков контакт со тој пазар. Не знаеме од каде потекнува болеста“.

– Но, знаеме дека на само неколку километри од тој пазар се наоѓа една кинеска суперлабораторија со четврто ниво на биосигурност, која ги истражува човековите заразни болести. Немаме докази дека болеста настанала таму…Но можеме барем да го поставиме прашањето – рече тој, а пренесува „Индекс.хр“,

Котон исто така сугерираше дека вирусот е резултат на експеримент кој излегол од контрола или намерно ширење на биолошко оружје.

Си-Ен-Ен потоа се обиделе да ги проверат тврдењата на сенаторот, па го повикале фокторот Вилијам Шафнер, специјалист за инфективни болести од Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт.

– Не забележав дека некој обезбеди било каква цврста информација која би ја поддржала оваа теорија. Мислам дека во овој момент можеме да повлечеме црта и да кажеме дека тоа не се случило. Со сите коишто разговарав или чиишто текстови ги читав сметаат дека вирусот потекнува од природните извори, како и вирусите САРС и МЕРС: Во двата случаи се работеше за коронавируси кои од животинската популција преидоа на луѓето во природно опкружување – рекол Шафнер.

Си-Ен-Ен исто така не ја пропуштиле можноста да ги критикуваат Фокс њуз, телевизиска мрежа со милиони гледачи, затоа што во својата програма дозволила да се емитува тврдење кое предизвикува паника, а притоа нема докази за истото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот