Шинед О’Конор замина на рехабилитација

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Оваа информација ја објави пејачката на својот Твитер профил под новото име, кое си го додели откако премина на исламот, Шухада Садакат.

Шинед О’Конор, култната контроверзна пејачка, која со песната „Nothning Compares 2U“ стекна светска слава, ја одложи турнејата со цел да може да замине на едногодишната програма за рехабилитација од „трауми и зависности“.

Сето ова, го објави пејачката на својот Твитер профил, која сега има ново име, Шухада Садакат, откако премина на исламот.

Фото: Твитер

– Имав шест многу трауматични години и сето тоа кулминираше оваа година, но сега започнува закрепнувањето, напиша пејачката која со години се бори со менталните проблеми.

Фото: Профимедиа

Во изјавата 53-годишната пејачка наведува дека оваа година изгубила некоја сакана личност, поради што станала зависна од дрога која всушност не е марихуана.

Пејачката која е добитничка на Греми наградата наведува дека од марихуаната е зависна веќе 34 години и дека тоа е последицата од растењето со многу трауми и злоставување.

Фото: Профимедиа

Шинед О’Конор веќе неколку години зборува за својата борба со менталното здравје, па така во 2017 година во емисијата „Dr. Phil“ таа откри дека во една година се обидела да се убие осум пати и дека нејзината мајка секојдневно ја тепала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот