Шилегов: Најголем увозник на отпад е Макстил

Не станува збор за отпад што се депонира, туку за отпад што се користи во индустриски цели, вели Шилегов

Градоначалникот на Град Скопје денеска обелодени дека најголем увозник на отпад во Македонија е фирмата Макстил.

– Тоа што излезе како податок во јавноста за увоз на 29 милиони тони отпад во рок од две години, разговарав со Министерството за животна средина. Таму ја имаат точната евиденција и на количините и на субјектите и на бројот на субјектите кои што се издадени. Тоа што од таму ми е кажано е дека не станува збор за отпад што се депонира туку за отпад што се користи во индустриски цели. Како најголем увозник се јавува Макстил, а се увезува отпад од старо железо, рече Шилегов.

Тој додаде и дека денеска новиот директор на Дрисла, ја презел функцијата вршител на должност на депонијата Дрисла.

– Во текот на денешниот ден имав средба со поранешниот, и сега веќе сегашниот вршител на должност на депонијата Дрисла, во моментов се извршува попис на примопредавање на активностите, очекувам дека за ден -два тоа ќе биде завршено со цел Градот да го воспостави и фактичкото владение на Градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот