Шилегов на Фејсбук најави садење на нови јапонски цреши

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот фејсбук профил денеска најави садење на нови јапонски цреши, на местото на исечените.

Подготовки за утрешното садење на јапонските цреши на Максим Горки. Дрвата мораа да бидат одстранети во петокот, заради болест (констатирана пролета 2017). Се обидовме да ги спасиме. Кога оваа пролет стана извесно дека нема да можеме да ги спасиме, набавивме нови и обновата на дрворедот ја испланиравме за оваа есен.

Очекувам дека “душегрижниците” и “сезнајковците” ќе се појават утре на засадувањето на дрворедот. Ако не се појават, ќе ги засадиме и без нив ?.

Се грижиме за градот и работиме плански.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот