„Шеврон“ го презема „Нобл Енерџи“ за 5 милијарди долари

Понудената цена на акциите на оваа компанија изнесува 10,38 долари, што претставува премија од 7,5 проценти во однос на нивото на кое „Нобл Енерџи“ го затвори тргувањето на „Волстрит“ во претокот, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот енергетски гигант „Шеврон“ соопшти дека е постигнат договор за купување на сите акции од компанијата „Нобл Енерџи“ со седиште во Хјустон за 5 милијарди долари.

Понудената цена на акциите на оваа компанија изнесува 10,38 долари, што претставува премија од 7,5 проценти во однос на нивото на кое „Нобл Енерџи“ го затвори тргувањето на „Волстрит“ во претокот, пренесува „Ројтерс“.

Кога во договорот ќе се вклучи и долгот на „Нобл Енерџи“ вредноста на целиот договор би можело да изнесува околу 13 милијарди долари. Со имотот на оваа компанија „Шеврон“ ќе го прошири своети присуство во Колорадо, Тексас и Ново Мексико.

Покрај тоа со оваа инвестиција ќе се зголеми имотот на „Шеврон“ во источниот Медитеран и Западна Африка и ќе донесе потенцијална годишна заштеда на трошоците во износ од 300 милиони долари, се вели во соопштението на компанијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот