Борби со кучиња / Фото: илустрација / ТикТок / скриншот

Шестмина мачители на кучиња се уапсени доцна навечер во Куманово, организирале борби

Шестмина жители на Кумановско, Тетовско и Гостивар вчеравечер пред полноќ се уапсени откако организирале борби со кучиња на периферијата на Куманово, соопшти полицијата.

„На 23.03.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с.Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави“, се вели во полициското соопштение.

Во Зрновци e пронајдена мртва жена, Обвинителството ќе ги проверува причините за смртта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот