Фото: илустрација / МИА / архива

Во Зрновци e пронајдена мртва жена, Обвинителството ќе ги проверува причините за смртта

Во Зрновци е регистриран грозоморен настан, во кој наводно е силувана и убиена жена, објави телевизија Кочани повикувајќи се на неофицијални информации.

Според медиумот, на местото на настанот се полицајци од Кочани, кои ги вршат првичните истражни дејствија.

Од Обвинителството за „Фокус“ потврдија дека има случај со пронајдено женско тело, но за другите информации кои се објавени, велат дека засега се шпекулации.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено телото на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причината за смртта уште не е утврдена“, соопштуваат од Обвинителството.

Полицијата со сите сили против нелегалното оружје – му ги заплени пушките на 71-годишен ловџија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот