Полицијата со сите сили против нелегалното оружје – му ги заплени пушките на 71-годишен ловџија
71-годишен жител на струшкото село Делогожда вчера бил уапсен откако полицијата во претрес во домот му пронајде ловечки пушки, кои ги поседувал без дозвола. Во акцијата која бездруго е доказ на посветеноста на МВР на борбата против нелегалното оружје, запленети се дури две пушки и десетици куршуми, соопшти полицијата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57, кои нелегално ги поседувал. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.


