Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Шест спринт трки ќе се одржат следната година во Формула 1

Првите луѓе на Формула 1 денеска потврдија дека следната година ќе се одржат шест спринт трки и тие ќе се одржат во Азербејџан, Австрија, Белгија, Катар, САД и Бразил. Годинава и лани во Ф1 шампионатот имаше по три спринт трки.
– Патеките во Австрија и Бразил веќе организираа спринт трки, додека останатите четири земји за првпат ќе бидат домаќини на овој формат – објави Ф1.
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) уште во септември објави дека во следната сезона во Ф1 ќе се одржат шест спринт трки.
„Видовме исклучително позитивен одговор на спринт трки во овие две години. Едвај чекаме да донесеме нова возбуда кај навивачите во наредната година – рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
Редоследот во квалификациите, кои се возат во петок, ја генерира стартната позиција на болидот во саботната спринт трка, а нејзиниот резултат се користи за одредување на стартниот редослед на главната трка во недела.
Квалификациската трка за спринт е наречена така бидејќи се трча на релативно кратко растојание од 100 километри, што е една третина од должината на стандардната трка. Новата сезона во Ф1 започнува на 5 март 2023 година со Големата награда на Бахреин.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
51мин
-
12час
-
12час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5