Шегите на сметка на Путин – крај за шоуто на Зеленски на руските телевизии

Телевизиски канал од Русија брзо ги откажа емитувањата на серијата во која главен лик е украинскиот претседател Владимир Зеленски порадис суровата шега на сметка на лидерот Владимир Путин, пренесе британски „Гардијан“.

Сатиричната политичка серија „Службеник на народот“ поранешниот комичар Зеленски ја искористи како платформа за зголемување на својата популарност, а потоа и победа на претседателските избори во Украина. Според британскиот медиум, причината за победата на Зеленски на изборите била гневот кон сите поранешни лидери во оваа постсоветска република.

Но, со острите шеги упатени кон Путин, многу се прашуваат колку долго ќе „издржи“ оваа серија на строго-контролираните руски телевизиски фрекфенции. Одговорот е: помалку од една вечер.

Откако брзо изменија една шега на сметка на Путин во премиерната епизода, телевизискиот канал ТНТ последователно откажа емитување на понатамошните епизоди од сезоната со 23-епизоди, заменувајќи ја серијата „Службеник на народот“ со серии кои имаат помала шанса да го изнервираат Кремљ.

Прочитајте и...  Мицкоски: Владата на Заев нема слух за проблемите на граѓаните, од поднесени 127 амандмани, прифатен е само еден

Серијата „Службеник на народот“ го следи измислениот лик кој го глуми сегашниот претседател Владимир Зеленски и неговиот подем од професор во средно училиште до претседател на Украина, откако неговиот говор против корупција станува многу популарен во целата земја.

Засега не е познато која шега точно е главната причина за прекинувањето на емитувањето на серијата, поради фактот што во серијата има многу шеги кои се упатени на сметка на Путин. Претходно, серијата во Русија беше рекламирана на гледачите како противтежа на вистинското владеење на Зеленски во земјата.

Телевизијата е внимателно контролиран медиум во Русија, и емитувањето на содржините кои го исмеваат Путин брзо исчезнуваа од руските канали. Најпознатата ваква забрана беше во 2002 година за шоуто „Папетс“, во кое имаше лажна верзија на Путин. Емитувањето на оваа серија, исто како на „Службеникот на народот“ на Зеленски, беше брзо прекинато.

Прочитајте и...  Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Поврзани вести

Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Михаило Донев

Неколку скопски општини утре ќе останат без струја

Слободен печат

Извор од ДУИ за Лајм: Следната недела нов конкурс за вработување на 800 административци од кои 640 ќе бидат Албанци

Илинка Иљоска

Хрватска: 890 новозаболени од ковид-19, починати 8 лица

Слободен печат

ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Заев и директорката на Институтот Јованова-Грујовска на научната конференција за македонскиот јазик

Слободен печат

Хуманитарен концерт: Интернационална екипа ќе свири за помош на колегата Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар