Ентони Блинкен /Фото: EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND OUT

Шефот на американската дипломатија во вторник ќе се сретне со Макрон, соопшти Вашингтон

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон додека светските лидери ќе се сретнат во обид да ја запрат руската инвазија на Украина, објави денеска Стејт департментот.

Емануел Макрон треба да го прими шефот на американската дипломатија во вторник околу 18:00 часот (17:00 часот по Гринич), изјави портпаролот, пренесува дописникот на МИА.

Францускиот претседател денеска повторно разговараше 1 час и 45 минути со Владимир Путин. Шефот на француската држава веќе имаше неколку телефонски разговори со рускиот колега од почетокот на офанзивата на Москва против Украина на 24 февруари, додека Антони Блинкен денеска беше во Молдавија, ден по разговорот со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, на границата меѓу Полска и Украина.

За време на телефонскиот разговор со Макрон, Путин ги обвини украинските власти за фрустрирачки операции за хуманитарна евакуација од Мариупол, големо пристаниште во југоисточна Украина опкружено со руски сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот