„Шанса за Центар“: Општината одбива да ги објавува одлуките на инспекторатот, иако тоа е законска обврска
Општина Центар под Герасимовски си бира кои закони да ги почитува и спроведува, а кои не. Од тие што не им се допаѓаат е Законот за инспекциски надзор, поконкретно Членот 71, според кој „инспекцискиот акт се објавува на веб-страницата на инспекцијата, најдоцна пет денови од денот на конечноста на инспекцискиот акт, согласно прописите за заштита на личните податоци“, реагираат од иницијативата „Шанса за Центар“.
Препорачано
Според иницијативата, кога пред повеќе од година барале да почнат да се објавуваат, прво се чекало да се изработи нова општинска интернет страница, па потоа да виделе како да ги објавуваат актите без личните податоци.
„Новата веб страна функционира веќе половина година и имаа време да смислат како да ги скријат личните податоци, како на пример што се прави при објавувањето на судските пресуди, но си одлучија дека сепак нема да ги објавуваат, без разлика на законската обврска“, стои во реакцијата.
Од иницијативата посочуваат дека ова има влијание и за граѓаните на Општина Центар.
„Немате информација, што според закон ви следува, дали излегла инспекција кога сте повикале, дали нешто увидела, што одлучила, дали некако го задолжила субјектот на инспекцијата/надзорот… Според ова се чини дека законските одредби се само сугестија а не обврска. А во матно најубаво се плива“, забележуваат од „Шанса за Центар“.
Продолжување на рокот за дивоградбите е продолжување на беззаконието, реагира „Шанса за Центар“


