Шампионската од Вимблдон порача: Ѓоковиќ само сакаше да помогне

EPA-EFE/KERIM OKTEN

Марион Бартоли, шампионката од Вимблдон 2013 година е последна од тенисерите и тениските работници кои застанаа во одбрана на Ѓоковиќ.

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, изминатиот период е на удар на медиумите ширум светот поради тоа што се случуваше на турнирите во негова организација „Адриа тур“ и позитивните случаи на коронавирус.
Бартоли смета дека нападите кон Ѓоковиќ не се коректни бидејќи тој доби зелено светло за организација на турнирите од владите на Србија и на Хрватска.

– Новак само сакаше да организира тениски настан во овие тешки времиња за сите нас, а за него беше многу важно да го стори тоа во Белград, градот каде што израсна. Не смееме да заборавиме дека неколку дена порано беше одигран фудбалски натревар пред 20.000 гледачи. Тој имаше дозвола од владата на Србија за организацијата, значи не ги прекрши правилата. Имаше најдобра намета, од филантропски причини го организираше тоа, а никој од играчите не доби пари за да игра на турнирите – вели Бартоли која додава дека не е во ред да се вперува прстот кон Ѓоковиќ како главен виновник за тоа што се случи.

– Лесно е да се обвини Новак и да се каже дека морал да биде повнимателен. Доколку ништо не се случеше, тогаш сите ќе ракоплескаа на неговата иницијатива и дека тоа било одличен настан – додава Бартоли за „Тенис 365“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот