Шампионката на САД Опен го пропушта првиот грен слем

twitter/WTA

Канаѓанката Бјанка Андреску поради повреда го откажа настапот на Австралија Опен.

Шампионката на САД Опен се повреди на завршниот ВТА турнир во октомври и оттогаш нема настап на тениските турнири. Сепак, иако се надеваше дека ќе биде подготвена за настап на првиот годинешен грен слем, не успеа да ја залечи повредата на време.

„За жал нема да можам да настапам на Австралија Опен годинава. Ова беше тешка одлука бидејќи сакам да играм во Мелбурн. Сепак, мора да го почитувам своето тело и процесот на рехабилитација од повредата“, напиша Андреску на својот Твитер профил.

Младата канадска тенисерка минатата година играше во квалификациите и стигна до второто коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот