„Шамар“ и за организаторите: Откажете ги Оскарите, го заборавивте Боб Сагет!

боб сагет
Боб Сагет / Фото: EPA-EFE/Instagram

Познатиот американски комичар Боб Сагет, кој почина пред неполни три месеци, беше изоставен од сеќавањето на починатите колеги на Оскарите во 2022 година, што предизвика гнев кај фановите кои гледаа непочитување кон Сагет, пишува „Њујорк пост“.

Почина комичарот Боб Сагет: Актерот пронајден мртов во хотелска соба

Инаку, Сагет и самиот беше оскаровец, бидејќи во 1977 година го доби „студентскиот“ Оскар за црно-белиот документарен филм „Низ очите на Адам“. Поради овој пропуст на Академијата, на Твитер веднаш се разви жестока дебата.

„Сериозно, зошто Боб Сагет не беше ин мемориам?“, праша еден корисник на Твитер.

„Откажете ги Оскарите затоа што не го спомна Боб Сагет“, се огласил друг.

Сагет, ѕвезда на серијата „Полна куќа“, беше пронајден мртов на 65-годишна возраст во хотелска соба во јануари. Сепак, и покрај оваа конфузија, овогодинешниот ин мемориам беше емотивен, со оглед на омилените изведувачи кои нѐ напуштија минатата година. Се спома легендарниот актер Сидни Поатје, првиот црн добитник на Оскар за најдобар актер, кој почина во јануари на 94-годишна возраст, погодувајќи ги обожавателите на неговата 71-годишна кариера и оставајќи зад себе големи актерски достигнувања во филмовите како „A Raisin in the Sun“, „Uptown Saturday Night“…

Ѕвездата на „Златни девојки“, Бети Вајт, која почина кон крајот на 2021 година непосредно пред нејзиниот 100-ти роденден, исто така беше вклучена во оскаровското збогување.

ГАЛЕРИЈА | Oскари: Триумф на Вил Смит, Џесика Честејн и „Кода“, еве ги останатите победници

Откриени детали околу смртта на Боб Сагет: Пронајден со левата рака на градите и куферите пред врата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот