ГАЛЕРИЈА | Oскари: Триумф на Вил Смит, Џесика Честејн и „Кода“, еве ги останатите победници

оскари
Моменти од доделувањето на Оскарите / Фото: ЕПА-ЕФЕ

Минатата година поради пандемијата на коронавирусот, доделувањето на престижните филмски награди Оскари не беше толку гламурозно, но, оваа година гледачите ширум светот конечно го поздравија враќањето на старото. Со одредени епидемиолошки мерки се одржа 94-тото доделување на престижните филмски награди, кое го одбележа веројатно наместениот инцидент на Вил Смит и Крис Рок, како и спомнувањето на Украина.

оскари
Моменти од доделувањето на Оскарите / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Oвогодинешното доделување на наградите сигурно ќе остане запаметено по апелот на организаторите до гостите да ја изразат својата поддршка за Украина и нејзиниот народ со едноминутно молчење, а поддршката за земјата разурната од војната беше присутна и на црвениот тепих. Повеќето присутни на некој начин оддадоа почит со различни детали.

На присутните им се обрати и Мила Кунис, родум од Украина, која ги спомна „актуелните настани во светот“, алудирајќи на војната во нејзината татковина. Но, нејзиниот повик всушност не им се допадна на многу корисници на социјалните мрежи, кои ги критикуваа организаторите што не ѝ дозволиле на актерката јавно и отворено да зборува и да ја именува Украина.

Церемонијата, која се одржи во театарот Долби ја водеа трите актерки – Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс. Тоа е првпат од 2018 година на церемонијата да има водител, а за првпат во историјата на Оскарите во таа улога да видиме дури три дами.

Џесика Честејн
Џесика Честејн / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Се случи и помал инцидент, за кој многумина веруваат дека е исцениран. Номинираниот актер Вил Смит на сцената го удри актерот Крис Рок. Имено, Рок, објавувајќи ја категоријата за најдобар долгометражен документарен филм, се пошегува на сметка на неговата сопруга, актерката Џејд Пинкет Смит, споредувајќи ја со Деми Мур во филмот „Џи.Ај. Џејн“ поради нејзината ќелава глава.

оскари
Екипата на филмот „Кода“ / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Имено, таа шега воопшто не му се допаднала на Смит кој веднаш почнал да реагира комичарот да не ја спомнува неговата сопруга. Оние кои не се запознаени со ситуацијата, Џејд Пинкет Смит ја загуби косата од здравствени причини, а Смит ѝ се извини на јавноста и на сите по добивањето на Оскар за најдобар машки актер. Интересно е што за време на говорот, иако ги надмина договорените минути, никој не го прекина.

вил смит
Вил Смит / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Сепак, да се вратиме на најважното – Оскарите во одредени категории.

Категорија за најдобар филм:

„Белфаст“ (Belfast)
„Кода“ (Coda) – победник
„Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up)
„Вози го мојот автомобил“ (Drive My Car)
„Дина“ (Dune)
„Кралот Ричард“ (King Richard)
„Ликориш Пица“ (Licorice Pizza)
„Алејата на кошмарите“ (Nightmare Alley)
„Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)
„Приказна од западната страна“ (West Side Story)

Категорија за најдобра машка улога:

Хавиер Бардем – „Да се биде Рикардос“ (Being the Ricardos)
Бенедикт Камбербеч – „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)
Ендрју Гарфилд – „Тик, Тик … Бум!“ (Tick, Tick… Boom)
Вил Смит – „Кралот Ричард“ (King Richard) – победник
Дензел Вашингтон – „Трагедијата на Магбет“ (The Tragedy of Macbeth)

Категорија за најдобра женска улога:

Џесика Честејн – „Очите на Тами Феј“ (Тhe Eyes of Tammy Faye) – победник
Оливија Колман – „Изгубената ќерка“ (The Lost Daughter)
Пенелопе Круз – „Паралелни мајки“ (Parallel Mothers)
Никол Кидман – „Да се биде Рикардос“ (Being the Ricardos)
Кристен Стјуарт – „Спенсер“ (Spencer)

Категорија за најдобра споредна машка улога:

Киран Хајндс – „Белфаст“ (Belfast)
Трој Коцур – „Кода“ (Coda) – победник
Џеси Племонс – „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)
Ј.К. Симонс – „Да се биде Рикардос“ (Being the Ricardos)
Коди Смит – Мекфи – „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)

Категорија за најдобра споредна женска улога:

Џеси Бакли – „Изгубената ќерка (The Lost Daughter)
Аријана Дебоз – „Приказна од западната страна“ (West Side Story) – победник
Џуди Денч – „Белфаст“ (Belfast)
Кирстен Данст – „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)
Аунџану Елис – „Кралот Ричард“ (King Richard)

Категорија за најдобар режисер:

Кенет Брана – „Белфаст“ (Belfast)
Рјусуке Хамагучи – „Вози го мојот автомобил“ (Drive My Car)
Пол Томас Андерсон – „Ликориш Пица“
Џејн Кемпион – „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) – победник
Стивен Спилберг – „Приказна од западната страна“ (West Side Story)

Категорија за најдобро оригинално сценарио:

„Белфаст“ (Belfast) – победник
„Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up)
„Кралот Ричард“ (King Richard)
„Ликориш Пица“ (Licorice Pizza)
„Најлошата личност на светот“ (The Worst Person in the World)

Категорија за адаптирано сценарио:

„Кода“ (Coda) – победник
„Вози го мојот автомобил“ (Drive My Car)
„Дина“ (Dune)
„Изгубената ќерка“ (The Lost Daughter)
„Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)

Категорија за визуелни ефекти:

„Дина“ (Dune) – победник
„Слободен дечко“ (Free Guy)
„Нема време за умирање“ (No Time To Die)
„Шанг-Чи и легендата за десетте прстени“ (Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings)
„Спајдермен“ (Spider-Man: No Way Home)

Категорија за долгометражен анимиран филм:

„Шарм“ (Encanto) – победник

„Бегство“ (Flee)
„Лука“ (Luca)
„Мичелс против Машините“ (The Mitchells vs. The Machines)
„Раја и изгубениот змеј“ (Раya and the Lost Dragon)

Категорија за најдобра филмска музика:

„Be Alive“ – Крал Ричард (King Richard)
„Dos Oruguitas“ – „Шарм“ (Encanto)
„Down To Joy“ – Белфаст (Belfast)
„No Time To Die“, – „No Time To Die“ – победник

 

Останатите добитници можете да ги видите овде.

оскари
Дел од екипата на „Кода“ / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

 

мила кунис
Мила Кунис и Ештон Качер / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON
оскари
Ума Турман, Семјуел Л. Џексон и Јон Траволта / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT
оскари
Хавиер Бардем / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON
оскари
Зои Кравиц и Џејк Гиленхал / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT
били ајлиш
Били Ајлиш / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT EPA-EFE/ETIENNE LAURENT
никол кидман
Никол Кидман / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON
оскари
Екипата на анимираниот филм „Encanto“ / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON
оливија колман
Оливија Колман / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON
џејми ли кертис
Џејми Ли Кертис / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON
зендаја
Зендаја / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот