Почина комичарот Боб Сагет: Актерот пронајден мртов во хотелска соба

боб сагет
Боб Сагет / Фото: EPA-EFE/Instagram

Aмериканскиот комичар, актер и водител Боб Сагет почина на 66-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.

Причината за смртта на Сагет засега не е позната. Брзата помош го пронашла актерот во соба во хотелот Риц-Карлтон во Орландо во неделата попладне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bob (@bobsaget)

Тој бил прогласен за мртов на местото на настанот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Оринџ, додавајќи дека не се пронајдени знаци на насилство или употреба на дрога.

Комичарот веќе неколку месеци беше на турнеја, која беше предвидена да трае до мај годинава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bob (@bobsaget)

Тој во саботата вечер имал настап во концертната сала Понте Ведра, а подоцна на социјалните мрежи „Твитер“ и „Инстаграм“ ѝ се заблагодари на публиката за одличната реакција.

Сагет се прослави по улогата во серијата „Full House“ и како водител на шоуто „Funny Home Video“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот