Шалке ги моли навивачите да не си ги бараат парите за сезонските билети

Германскиот тим побара од сопствениците на сезонските билети да се откажат од правото да бараат финансиски надомест и да му помогнат на клубот во овие тешки времиња во кои се најде поради коронавирусот.

Управата на Шалке денеска објави дека клубот се наоѓа во финансиска криза која се заканува и со целосно згаснување.

Бундеслигата е суспендирана од средина на март и фудбал во Германија нема да се игра најмалку до мај и поради тоа во Шалке одлучија да побараат помош од своите навивачи.

Имаме големи број на понуди навивачите да одбијат финансиски надомест за нивните сезонски билети како и за двевните билети кои се веќе купени и сметаме дека таквите потези се неверојатни. Секој што ќе одбие да му се вратат парите, дава свој допринос во стабилизирањето на клубот и во обезбедување на неговото постоење. Клубот моментно се наоѓа во потенцијално критична финансиска состојба која му се заканува на неговото постоење“, стои во соопштението на Шалке.

Од Клубот најавија дека на секој сопственик на сезонски билет кој нема да бара да му се вратат парите ќе добие специјална маичка.

Во Германија моменто е вонредна состојба бидејќи од коронавирусот се заразени повеќе од 100.000 лица, а повеќе од 2.000 лица се починати. Но, екипите во Бундеслигата се надевааат дека кон крајот на мај коронавирусот ќе биде ставен под контрола и ќе може да се доигра првенството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот