СФМ: Шкупи како пример дека и клубовите можат сами да организираат тестирање
Синдикатот на фудбалери на Македонија го поздравува секој потег кој е во интерес на фудбалот и здравјето на фудбалерите.
Пред евентуалното продолжување на сезоната во најквалитетниот македонски шампионат, во овој период прволигашите прават тестирања на Ковид-19.
Препорачано
И Синдикатот на фудбалери на Македонија дозна дека фудбалскиот клуб на Шкупи ќе се тестира на друго место и од сопствен буџет.
– Прочитавме дека Фк Шкупи ќе се тестира на друго место и од сопствен буџет. Честитки за организацијата, им посакуваме 100 % негативни тестови. Нека бидат пример дека и клубовите можат сами да организираат тестирање. Го поздравуваме секој потег кој е во интерес на фудбалот и здравјето на фудбалерите – велат од СФМ.
Од претходно како што објави Синдикатот, за утре беше закажано тестирање во ФК Шкупи, но во последен момент беше откажано со образложение дека клубот од Чаир не верува во овие тестови.
СФМ дополни дека го почитува нивното мислење, и јавно ги замолија да направат тестови во друга институција во која тие веруваат во интерес на здравјето на фудбалерите.
Македонија ЃП ги прекина тренинзите по позитивните случаи на корона во македонскиот фудбал
Исто така СФМ информираше дека и ФК Струга Трим Лум одби да тестира со нив, но стружани коректно најавија дека тестови ќе направат во државните болници.


