Македонија ЃП ги прекина тренинзите по позитивните случаи на корона во македонскиот фудбал

фото: фк македонија ѓп

Екипата на Македонија ЃП одлучи од денеска да ги прекине подготовките за продолжувањето на сезоната откако вчера беше потврдено дека шест лица во Шкендија и Ренова се позитивни на коронавирус.

„Ние како одговорен клуб за здравјето на нашите фудбалери и сите вработени во клубот ги прекинуваме сите активности од денеска, и чекаме нови насоки од владата на РСМ и ФФМ. Македонија ЃП од секогаш била за решение на фудбалот на зелените терени, но со глава во ѕид не се оди, се срамиме од вестите на некои медиуми и ги демантираме сите вести дека имаме закажано пријателски натпревар со ФК Вардар!“, стои во соопштението на Македонија ЃП.

Ние како одговорен клуб за здравјето на нашите фудбалери и сите вработени во клубот ги прекинуваме сите активности од…

Publiée par ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 sur Lundi 1 juin 2020

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот