Вардарци се тестираа, Шкупи и Струга одбија да се тестираат на коронавирус

фото: фк шкупи

Екипите на Шкупи и Струга Трим Лум одбија да извршат тестови на своите фудбалери пред да започчат тренинзите за евентуалното доигрување на сезоната.

Од Синдикатот на фудбалери на Македонија информираат дека двата клуба не веруваат во тестовите за коронавирусот, откако тестовите покажаа дека седум фудбалери на Ренова и на Шкендија се позитивни на ковид-19.
Соопштението на Синдикатот на фудбалери на Македонија ви го пренесуваме во целост:

„Денес во тренинг кампот на Фк Вардар беше мобилна екипа на Аџибадем Систина. На сите играчи,стручниот штаб и сите луѓе кои што работат во клубот им беше извршено тестирање на Ковид 19.

За утре имавме закажано тестирање во Фк Шкупи меѓутоа во последен момент ни беше откажано од нивна страна со образложување дека они не веруваат во овие тестови. Го почитуваме нивното мислење, но еве јавно ги замолуваме да направат тестови во друга институција во која они веруваат во интерес на здравјето на фудбалерите.

Фк Струга Трим Лум исто одби да се тестира со нас меѓутоа коректно најавија дека тестови ќе направат некаде во државните болници.Исто така ни најавија дека резултатите ќе ни ги презентираат и тоа е за почитување,се гледа дека како клуб ги интересира здравјето на фудбалерите.

За пример на сите треба да ни биде ФК Слога од Виница. Иако ќе играат бараж натпревар за влез во втора лига, ФК Слога побара од нас да им обезбедиме тестирање. Тестирањето е обезбедено и веќе утре Аџибадем Систина ќе биде во Виница и ќе изврши тестирање во просториите на клубот. Во име на СФМ ве замолуваме да не не ставате во никакви комбинации и нечесни игри.До нас допре глас дека сме била во некаква “игра” со Систина за некакви нечесни игри.

Комбинациите правете си ги на ваша маса со ваши луѓе. Ние секогаш ќе стоиме на страна на фудбалерите, здравјето нивно за нас е најважно. Ако на одредени луѓе во клубовите им е најважен профитот и излезот во Европа, а не здравјето на играчите тогаш сериозно треба да се запрашаат што воопшто бараат во спортот и фудбалот.
Спортски поздрав.“.

Денес во тренинг кампот на Фк Вардар беше мобилна екипа на Аџибадем Систина. На сите играчи,стручниот штаб и сите луѓе…

Publiée par Синдикат на фудбалери на Македонија -Sindikat na fudbaleri na Makedonija sur Lundi 1 juin 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот